Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завршат кај Асаф Еисин? И дали Зечевиќ преку Еролд Муслиу и Заре Милошевски ги плаќа валканите кампањи на СДС?
180.000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ.
Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз.
Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин?
Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС?
Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ?
Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

