Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали снимките покажуваат дека вториот човек на БЈБ ослободил лице кое пукало врз полиција?
Македонија со власта на СДСМ и ДУИ живее како во мафијашки филмови. Власта на СДСМ и ДУИ и МВР на Оливер Спасовски се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР заштитувал лице што учествувало во вооружен напад врз полиција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка што се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободен по интервенција на Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ.
И овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи по која Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето во сина кошула од јавно објавената снимка е Ариф Асани, заменик-директорот на БЈБ?
Дали заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?
Власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите. Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.
Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност“, велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

