Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Денешните признанија во судскиот процес се доказ за постоење брутален политички прогон и терор од власта
Денес, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација луѓе што креираат автентична политика што треба да донесе промени што на државата ѝ се неопходни. Ова е време на големи предизвици со кои оваа Влада не може да се справи поради својата неспособност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Сведоци сме на ад хок решенија во економијата, на енормно задолжување на државата и на комплетно сервилно однесување во преговорите со Бугарија. Денешните признанија во судскиот процес се доказ за постоење брутален политичкиот прогон и терор од страна на власта. Очигледно, соочени со притисокот на овој прогон со закани за големи казни, денешните искази се индивидуален чин на луѓето да се спасат од овој притисок. Методите на Заев продолжуваат и од неговиот двојник Ковачевски.
Само за потсетување, се соочуваме со власт што држеше во заложништво пратеник во премиерската вила, само за да опстане извршната власт. Ако тоа се случи пред некој месец на овој начин, може само да го замислиме степенот на теророт врз овие луѓе за да се спроведе денешното сценарио на „признавање вина“.
Оваа власт го потценува овој народ, кој беше сведок на многу вакви епизоди последниве пет години. Оваа власт е на колена. За оваа власт, приоритет се криминалот и корупцијата што се тераат под изговор на кризна ситуација. Ова власт нѐ турка сѐ подолу во сиромаштија додека индивидуалци се богатат“, се вели во соопштението.
Од партијата порачуваат дека Владата го потценува народот и дека многу бргу ќе дојде времето кога ќе треба да одговараат за сѐ што направиле.
Од ВМРО-ДПМНЕ се заканија дека нема да има отстапки за криминалите.
„ВМРО-ДПМНЕ има луѓе што ќе направат позитивна промена во оваа држава и нема да отстапиме пред какви било притисоци. Времето на промени доаѓа многу бргу“, се додава во соопштенито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

