Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Димитров бега од пратениците, па во Собранието е потребна негова макета

Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците за најважните национални прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на дискусијата за ставот кон соседна Бугарија во поглед на ветото за македонските евроинтеграции.
„За жал, во Македонија министрите бегаат од Собранието и од пратениците. Затоа, и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема“, се порачува во партиското соопштение.
Во него се додава дека пратениците од власта денеска не прифатиле на дневен ред да се стават и да се усвојат два заклучока, кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:
1. Собранието ги осудува позициите содржани во објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945 година, во која една од целите е развивање „пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување еднакви права и самоопределба на народите“, право што неделливо му припаѓа и на македонскиот народ;
2. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.