Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Доаѓа крај на деструкцијата на платениците на Сорос
Деструкцијата на платениците на Сорос е прочитана секаде, а следува време на десороизација, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Децата, сопругите и најблиските на 40-тината полициски службеници кои беа нападнати и повредени во насилните протести на хулиганите на СДСМ/Сорос пред Владата, треба да знаат дека правдата доаѓа. Семејствата и на останатите полициски службеници повредени при дивеењето на вандалите од таканаречената платеничка револуција, треба да знаат дека правдата ќе ги стигне насилниците. СДСМ/Сорос две години дивееја уништувајќи се пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи се што ќе им се најде во близина“, се вели во партиското соопштение.
Од таму порачуваат дека граѓаните на изборите на 11 декември порачале дека ќе им се стави крај на „бандите на СДСМ/Сорос кои се надеваа дека со пари и со помош од надвор ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

