Македонија
ВМРО-ДПМНЕ достави кандидати за ДИК, седницата може да ја одржи заменик-претседателот на Собранието
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја доставила листата на кандидати за членови на Државната изборна комисија, информираат од Кабинетот на претседателот Талат Џафери. Листите се чекаа два дена поради што не можеше да се состане Комисијата за избори и именувања. Од Кабинетот на Џафери велат дека материјалите за седницата биле препратени кај претседателот Илија Димовски, кој ја води Комисијата.
Пратеникот Димовски стои на ставот дека ќе постапи во согласност со Деловникот.
„Ќе го почитувам Деловникот, штом ги добијам потребните материјали, веднаш ќе свикам седница“, вели Димовски за „Макфакс“.
Потоа, Комисијата за избори и именувања ќе ги констатира имињата на кадидатите, а потоа на пленарна седница со двотретинско мнозинство ќе треба да го изберат новиот состав, според стариот модел на Изборниот законик.
Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а Елизабета Постоловска член од ВМРО-ДПМНЕ. Од редовите на ДУИ избран е Дитмире Шеху. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.
Отсуството на Талат Џафери од Собранието не е причина поради која не се закажува седница, а тоа може да го направат неговите заменици, велат од неговиот Кабинет, кои прстот го вперуваат во пратениците што не ги усогласиле ставовите за Законот за Владата и Законот за финансирање на партиите.
Според последните информации, следната седница ќе биде закажана за понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

