Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: До нас секојдневно стнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми на граѓани
Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнувале десетици сугестии, предлози и проблеми, информираат од опозициската партија преку соопштение.
„Земјоделците се жалат дека зголемувањето на акцизата ќе донесе до зголемување на цените за транспортот, при сè уште неисплатени субвенции дополнително ќе се оптоварат со трошоци, како и тоа дека таа ќе ги зголеми цените на некои производи и ќе биде дополнителен трошок на домаќинствата. Земјоделците предложуват исто така мерки за директна помош на земјоделството и решавањето на проблемот со откупот на веќе стасаните раноградинарски култури, како и да имаат право за време на полицискиот час и за викендите да може да ги обавуваат земјоделските активности, да може да се пријавуват и во време на викендите.
До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа голем број поплаки од страна на граѓани што се принудени да потпишуваат спогодбен прекин на договорите за вработување, тие велат дека се во безизлезна ситуација затоа што нема да може земат државна помош. Бараат владата да изнајде начин да им се помогне затоа што во прашање е егзистенцијата на нивните семејства.
Сопственик на мал бизнис вели дека нема од каде да остварува приход, ситуацијата е очајна, а мерките не се доволни и оние што се на располагање ќе ја зголемат задолженоста на неговото претпријатие, пари за плати нема, а она што го нуди државата нема да им донесе опстанок на фирмите и на вработените. Тие бараат да се одложат кредитите за компаниите без камата, како и да се предвиди ослободување од отплата на долговите за микрокомпаниите за да може да ја преживеат економската криза и да опстојат во стопанството.
Медицинскиот кадар се жали дека сè уште немаат соодветна заштитна опрема, а некаде неимаат ни опрема, па оставени се да се снаоѓаат или да ја реупотребуваат опремата кшто ја користат, велам материјалот им се брои. Со огромен ризик се соочуват секојдневно во својата работа, а бројот на заразен медицински кадар расте, што дополнително е загрижувачки за нив и условите по кои работат.
Граѓаните посочуваат дека во карантиските центри во кои престојуваат не се врши тестирање на коронавирусот, туку само се прават епидемиолошки анкети и се држат во карантин, предложуваат да се тестира цел карантин кога има случаи на позитивни на коронавирусот, кои се дел од карантинот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги повикуваат граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected].
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

