Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами на Заев ќе ја потопи македонската економија
Ширењето на сопствените бизниси е единствениот интерес и ангажман на Заев и Анѓушев. Буџетот и националната економија за нив се само алатка за лично богатење, велат денеска во соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Економското цунами Заев, Анѓушев и Тевдовски безмилосно ја пустоши македонската економија. Додека целиот регион и Европа имаат забележителни стапки на раст на БДП, Македонија е на дното во Европа со катастрофални 0,1 отсто. Државниот завод за статистика ја потврди лошата економска политика на СДСМ. Градежништвото забележува пад од 37 отсто, што е доказ за неработењето на Владата предводена од картелот на Зоран Заев“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека во соседството сите земји бележат подобри резултати од Република Македонија.
„Србија има раст од 4,6 отсто или 46 пати поголем од тој на Македонија. Бугарија има 35 пати поголем раст, Хрватска 25 пати, Полска дури 51 пати поголем раст од Република Македонија“, стои во соопштението.
Опозициската партија истакнува дека Зоран Заев и неговото економско цунами може да се пофалат само со една работа, а тоа е дека без мерка ги задолжуваат граѓаните.
„Само во првиот квартал од 2018 година граѓаните на Република Македонија се задолжени со повеќе од 300 милиони евра, а притоа не е обезбеден раст на БДП. Владата на Заев нема капацитет како да се справи со предизвиците и проблемите во економијата. Нема нови инвестиции, нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15 отсто ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат дека ваквите погубни политики мора да престанат, и, како што велат, картелот на власт да падне.
„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се создадат еднакви услови за фер избори. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

