Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Животот во Македонија дојде само за Заев и неговите соработници

Објавено пред

Една година по 27 април, живот дојде само за Зоран Заев и картелот на власт, а Хари Локвенец не може да се убеди ниту себе си, а не граѓаните во лагите што му ги дале да ги прочита, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на пратеникот на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ниту еден граѓанин не живее подобро, освен Трајче и Вице Заеви кои купуваат фабрики по багателни цени и го освојуваат пазарот со марихуана. Животот дојде и за Кочо Анѓушев кој си наплаќа милиони евра за сопствените фирми, но и за разно разни Фрчковци, Грчевци, Талатовци кои си ги вработуваат децата и роднините на државни функции“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Оттаму додаваат дека земјава е заглавена во корупција, а владини функционери заплашуваат новинари и невладини организации доколку проговорат за криминалот што се прави.

„Отварање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Просечната плата наместо да биде 30.000 денари како што ветуваше Заев, оди надолу. Нема 100.000 денари за докторите, ниту повисоки пензии за пензионерите. Нема изградба на ниту еден километар од ветените 600 километри автопат. Градежништвото тоне. Ова се резултатите на работењето на владата на СДСМ, живот за неколкумина од картелот на власт, а пекол за граѓаните на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

Објавено пред

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела.

dobivaj vesti na viber

Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот процес поради непостигнат цензус во првиот круг одржан на 19 октомври.

Синоќа во Скопје коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа завршниот митинг, на кој зборуваа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.  Мицкоски ги изрази очекувањата за историска победа во вториот круг, додека Ѓорѓиевски ги повика скопјани масовно да излезат на гласање и, како што рече, да покажат дека Скопје избира работа и човек кој знае и умее.

Движењето ЗНАМ најави мини митинг со обраќања на Мицкоски, Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, во текот на денот ќе одржи завршна прес-конференција.

Во Град Скопје право на глас имаат 474.304 гласачи, кои во недела ќе избираат меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 минути

Уапсен возачот кој удри 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија16 минути

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија25 минути

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет43 минути

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет2 часа

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската „една земја, два система“ и мора да ја задржи својата слобода и демократија и да...

Свет2 часа

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа2 часа

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија12 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија12 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија15 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија19 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија19 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет24 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа1 ден

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет1 ден

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет1 ден

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 ден

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 ден

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...