Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги напаѓа сите што не мислат исто како него

Партијата ВМРО-ДПМНЕ смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ги напаѓа, ги заплашува и ги навредува, сите оние кои не мислат како него, а како шример го дадоа Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски, кој според нив го допрел дното со навредите кои ги упати кон поранешната пратеничка Солза Грчева.
„Тоа е демократијата на Зоран Заев. Аболицираниот криминалец Заев е опкружен со рекетари, криминалци, насилници. Тој преку нив се заканува, го навредува и напаѓа секој оној кој што размислува поинаку од него. Пишуваа графити и пароли на домовите на пратеничките кои не ги прифаќаат нивните анти-државни одлуки. Ги навредуваа во секоја прилика не штедејќи најпогрдни зборови. Шират говор на омраза“, се вели во партиското соопштение.
Додаваат дека со овој срамен чин се потврдува за чии интереси работи претпријатието Паркинзи – Центар, каде што е вработен Јон Фрчковски. Паркинзи – Центар веќе одамна не е во функција на граѓанит туку служи како партиска фондација за финансирање на насилници, криминалци, навивачи со сомнително минато кои му се верни на Зоран Заев.
Велат дека Зоран Заев и раководството на СДСМ треба да одговараат за ваквите дела./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Oблачно време со повремени врнежи, температура до 19 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.
Македонија
Повеќе делови од Скопје денес без струја

ЕВН Македонија АД извести дека денес без електрична енергија ќе бидат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
– во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. (општина Сарај)
– во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците во подрачјата Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
– во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патека за Лисича кон Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисници лоцирани помеѓу објектите кај Циле Инженеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисници од ул. Питу Гули лоцирана во близина на српската амбасада. (општина Центар)
– во периодот од 9:00 до 14:30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец. (општина Карпош)
– во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисници на блокот на зградата лоциран на потегот од Бул. Партизански одред бр. 17 Кон ул. Максим Горки. (општина Центар)
Македонија
Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста за комуналната чистота е на Град Скопје.
„Сликата е жалосна во цело Скопје, но ние во Аеродром не чекаме – дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла,“ изјави Митески.
Тој нагласи дека, пред да се воведат казни, неопходно е граѓаните да имаат услови каде да го одлагаат отпадот.
„За првпат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за првпат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.
Во гостување на Телма, тој додаде дека Аеродром веќе има лиценцирано јавно комунално претпријатие што може да одвезува и транспортира неопасен отпад.
Покрај тоа, Митески најави и дел од инфраструктурните и еколошките проекти од програмата – топлификација на Лисиче, нов културен дом и зелена офанзива со засадување нови садници во соработка со инвеститорите.