Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже, тој ги штити грчките интереси
Зоран Заев ги лаже македонските граѓани и со секој изминат ден се потешко успева да ги покрие овие лаги, тој е првиот македонски политичар кој ги прифати сите грчки црвени линии и одбработи не за македонските, туку за грчките интереси, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив Ципрас на официјалната интернет страна објавил дека со договорот што го потпиша Заев во Нивици, Грција извојувала победа.
„ Ципрас се пофали дека ги зачувал црвените линии на Грција. Цитирам „Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии и нашата национална позиција, како што беше случај во последните 20 години. Ние ги обезбедивме големите актуелни грчки барања, кои не се однесуваат само на нашето национално минато, туку на сегашноста и иднината“- пишува на официјалната интернет страна на грчкиот премиер. Каде е тука Заев? Која црвена линија ја одбрани Заев? Ципрас го демантираше Заев и потврдува дека со Договорот се предвидува преименување во Република Северна Македонија, како што исто ќе се именува и во Грција Северна, без превод, дека сите 140-те земји кои денес не признаваат како Република Македонија сега ќе велат „Република Северна Македонија”. Договорот, вели Ципрас, предвидува дека Грција ќе го признае државјанството на соседите како „граѓани на Северна Македонија“., смета ВМРО-ДПМНЕ.
Овие официјални ставови на Ципрас, тврди партијата, соодветствуваат со неговите официјални твитер обраќања пред неколку дена, кога за тврдењата на Заев вели:
„Тие, а се мисли на Заев и неговата свитата, инсистираат на лагата дека Грција прифатила македонска нација и јазик со договорот. Тоа го прават иако многу добро знаат дека никаде во договорот никаде не стои признавање на македонска националност. Нема признавање на националност“, вели твитот на грчкиот премиер. Македонското МНР молчи и не реагира дали се точни тврдењата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.“, велат тие.
Тие сметаат дека Македонија не бара прослави.
„Македонија бара извинување за капитулацијата и комплетното девастиреање кое го предизвика Зоран Заев. Македонија утре ќе протестира во Кавадарци, граѓани приклучете се на протестниот марш против овие погубни политики и виртуелна реалност креирана од Зоран Заев“, реагира опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска во МАНУ: Квалитетот на високото образование драстично опадна, тоа мора да го промениме
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но критериумите кои ги предлагаме се достижни.
Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на дебата во МАНУ посветена на новиот Предлог закон за високото образование.
„Улогата на високото образование е да создава јавно добро, да создаде интелигенција која понатаму ќе ја развива државата. Да создава стручни, компетентни, но и емпатични и морални личности кои во иднина ќе обезбедат општествен просперитет. Од друга страна државата ги финансира високообразовните установи и оттука, треба да бара отчетност за трошењето на средствата и одговорност за постигнатите резултати“, рече Јаневска.
Законот, потенцираше министерката, нуди меритократија, интернационализација и мотивација за соработка која недостасува кај академскиот кадар, вклучително и научноистражувачка работа која е неделива од образовната. Рече дека предлог законот има можност за доработка, односно некои одредби ќе се променат по сугестиите на академската заедница.
Според неа, треба да се довршат сите јавни расправи, и потоа, кога ќе биде сé што треба коригирано, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР неколку дена, по што ќе влезе во владина процедура. Јаневска информираше и дека во текот на вчерашниот ден е објавен и Предлог законот за научно-истражувачка дејност. Членовите на МАНУ се согласни дека се потребни промени во високото образование, напоменувајќи дека сите забелешки кои ги имаат за законот, неделава ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.
Македонија
Стоилковиќ – Мацура: акцентот на родовата еднаквост, заштитата на жените од насилство и унапредувањето на нивното економско и политичко учество
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во Владата на Република Србија.
На средбата беше изразена заедничката определба за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на точките кои нè спојуваат во областа на родовата еднаквост, заштитата на жените од насилство и унапредувањето на економското и политичкото учество на жените, како и за зајакнување на институционалниот дијалог по овие прашања.
Соговорниците разговараа за значењето на интегрирањето на родовата перспектива во политиките што се однесуваат на заедниците, имајќи ја предвид потребата од еднаков пристап до права, услуги и можности за сите граѓани, вклучително и жените од различни етнички и социјални средини. Посебно внимание беше посветено на економското јакнење на жените како предуслов за нивна поголема општествена вклученост и намалување на ранливоста.
Во таа насока беа разгледани можностите за понатамошна соработка преку размена на искуства и добри практики, експертска комуникација меѓу надлежните институции и иницирање заеднички активности во рамки на регионалните иницијативи.
Средбата беше оценета како конструктивна со изразена подготвеност за редовна комуникација и конкретни чекори во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу земјите во областите од заемен интерес.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.

