Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев му дал 20 дена на Боки-13 за да ги отстрани доказите кои водат до главата на октоподот
Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“ и затоа сега се обидува да ја дефокусира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Боки 13 пред суд кажа дека Заев знаел за криминалот и му укажал уште на 3 април. Дури на 22 април, Заев наводно, го пријавил случајот во обвинителството, што говори дека 20 дена се обидувал да го изменаџира скандалот за кој постојат сериозни индиции дека е лично длабоко поврзан. Тоа е класично прикривање на криминал и соучесништво во истиот. Молкот на Заев цели 20 дена говори дека тој всушност е капо ди тути капи на целата операција која се спроведувала. Аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој сите го видоа како бара евро за Вицето, очигледно не го променил својот карактер. Како што нарачува „трас трас”, така си нарачува алиби истраги кај Русковска обвинителството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев 20 дена ги искористил да се обиде да го забошоти случајот, а штетата да ја локализира на двајца-тројца обвинети за кои ќе се договори казна. Ова била операцијата на Заев за спасување на својата глава од овој скандал. Овие 20 дена биле денови на спасување на главата на октопод.
За таквите криминали наскоро доаѓа судот на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

