Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2 отсто доверба во судството
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност одсудијата Пајазит Пајазити кој, како што велат во утринската реакција, го пушти Блерим Рамадани да избега. Од партијатата додаваат дека заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството.
„Се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда. Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ. Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

