Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За да останат повеќе на власт, Заев и Филипче свесно ја поддржувале ДУИ во криминалите
Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.
Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.
Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.
Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.
Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.
Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!“, се вели во соопштението на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





