Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За три години од несреќи загинаа 75 наши сограѓани, а нема одговорност кај СДСМ-ДУИ
„За три години, се случија 3 големи несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај, и за ниту еден нема политичка и вистинска кривична одговорност.
Пред три години во автобуската несреќа загинаа 16 наши сограѓани.
Минатата година во Тетово живи изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница за кои СДСМ, Филипче и ДУИ не убедуваа дека е поради прегреан кабел . Пред неколку месеци 45 лица загинаа во автобуската несреќа во Бугарија која се случи преку компанијата милениче на ДУИ и СДСМ Беса Транс која работела без потребните дозволи и незапазувајќи ги процедурите.
Во сите овие три случаи нема никаква политичка одговорност, ниту кривична одговорност, а вината се префрла на погинатите затоа шпто тие не може да зборат.
Несреќата во Ласкарци е доказ дека системот не функционира и дека нема спроведување на правдата“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

