Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За четири дена имаме речиси 2.000 заразени, ова е фијаско на политиките на Филипче

За четири дена имаме речиси 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче, на која беа соопштени новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник.
„Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со Ковид-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од коронавирусот. Филипче додека се занимава со матни тендери и градење згради, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со коронавирусот. Филипче, поради својата неспособност, носи на душа 815 починати лица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата порача дека министерот треба итно да поднесе оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.