Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го брише македонското минато, ја загрозува сегашноста и ја уништува иднината
Зоран Заев срамно тргува со името Република Македонија и се согласува на промена на македонскиот идентитет, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Зоран Заев ги понижи сите пријателски земји кои беа одважни и го видоа непринципиелниот став на соседна Грција па одлучија Република Македонија да ја признаат под уставното име.
„Лажгото Заев пред една година се колнеше дека на ниту една од овие земји не може да им кажеме дека згрешиле.Сега, како да менува име на сопствена фирма, одлучи да ги прифати грчките црвени линии, да го смени уставното име и да ги известува сите пријтелски земји дека згрешиле што не признале и комуницираат со нас под уставното име Република Македонија“, пишува во соопштението на опозицикста партија.
Тие наведуваат дека Зоран Заев не го прави ова во знак на сеќавање на генерациите пред нас кои се жртвувале за името Република Македонија. Зоран Заев не го прави ова ниту за актуелните генерации кои се родени во Република Македонија и сакаат да продолжат да живеат во Република Македонија.
„Не го прави ова ниту за идните генерации на кои треба да им го оставиме во наследство македонскиот идентитет.
Зоран Заев ги прифаќа целосно сите грчки позиции од сомнителни интереси. Зоран Заев со манипулации се обидува капитулантскиот договор да го претстави како зацврстување на македонскиот национален идентитет, а во суштина е сечење на корените на идентитетот на државата. Заев лажеше дека го зацврстува македонскиот национален идентитет. Грчкиот премиер Ципрас преку социјалните мрежи јасно кажа дека договорот не значи признавање на македонска нација.
Договорот постигнат помеѓу Заев и Ципрас е директен удар врз правото на самоопределување на македонскиот народ и негово историско понижување“, соопштуваат тие.
Велат дека ВМРО-ДПМНЕ стои цврсто во одбрана на уставното име и идентитетот на нашата Република Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат со овие погрешни политики на Заев и СДСМ и сакаат да се спротивстават на овој капитулантски договор да ни се придружат на протесниот марш кој што ќе се одржи во Битола во недела со почеток во 13 часот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

