Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС молчи за фотографиите на кои се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

„Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии. Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот“, посочуваат од партијата и додаваат:
„А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор? Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци? Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.