Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто терапијата од приватните болници не ја добиваат и пациентите во државното здравство
Министерот за здравство, Венко Филипче, да одговори зошто терапијата за коронавирусот што ја добиваат пациентите во приватните болници не им се дава и оние во државното здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
„И по девет месеци од корона-кризата, Филипче никако да се свести што се случува. Заклучно со вчерашната статистика на Министерството за здравство, 1.238 семејства се завиени во црно. Свесен ли е Филипче дека тоа не е само бројка, станува збор за човечки животи. Црните рекорди на Филипче ја ставија Македонија во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од Ковид-19 на 100 илјади жители.
На неспособниот Филипче во фокусот му се неговите бизниси и бизнисите на Заев, кој ја предводи Владата. Во меѓувреме, за граѓаните нема терапија, нема услови за лекување. Прашуваме зошто на заболените во јавните здравствени установи не им се дава терапијата што ја има на приватните клиники за пари? Прашуваме зошто граѓаните собираат донации на „Фејсбук“ за да се лекуваат во приватна клиника? Филипче девет месеци нема одговори за ништо. Токму затоа Филипче треба да си замине од министерската функција. Филипче, време е за одговорност“, порчува опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

