Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК потврди дека со СДСМ на власт државата тоне
Ако СДСМ лаже, извештајот на ЕК не лаже. Извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ остана ангажирана во Парламентот и ги поддржа клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Извештајот на ЕК потврди дека судскиот систем е под палката на Зоран Заев. Извештајот на ЕК потврди дека поради СДСМ и Заев корупцијата е распространета во Македонија.
Извештајот на ЕК потврди дека власта не се бори против криминалот, како што се перење пари и финансиски криминал. Извештајот на ЕК потврди дека стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена.
Извештајот на ЕК потврди дека економијата во Република Македонија е на дно, состојбата е загрижувачка. Извештајот на ЕК потврди дека власта потфрлува на секое можно поле. Со СДСМ на власт Македонија не оди напред. Со СДСМ на власт државата само тоне“, наведува партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

