Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најмногу заразени и починати во регионот, а најмалку тестирања
Неспособноста на оваа Влада излезе на виделина со справувањето со пандемијата на коронавирусот за последниве седум дена во Република Македонија, каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и, за жал, најмногу починати во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73 отсто, Бугарија – 2,52 отсто Србија – 1,62 отсто, Хрватска – 0,21 отсто, Грција – 0,14 отсто, Црна Гора – 0 отсто. Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот, како што пренесуваат од опозициската партија, за последните 7 дена ситуацијата е следна: Македонија – 91, Бугарија – 31, Србија – 85, Хрватска – 4, Грција – 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33. Македонија има и најмногу заболени лица од коронавирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно. Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена во споредба со земјите на Балканот: Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

