Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот со телевизиската екипа не е создаден од организаторите на митинот, го осудуваме однесувањето на поединецот
ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на митингот, велат од партијата по синоќешниот вербален напад и закани кон екипата на ТВ 24 вести за време на митингот на партијата.
„Слободата на медиумите и обезбедување на простор за вистинско и точно информирање се врвот на една демократија, но и показател за степенот на демократскиот амбиент во државата.
Тоа особено важи во време на избори, кога од работата на медиумите се оценува и процесот на избори. ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или вербално спречување или заплашување на новинарски екипи. Посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на илјадниот митинг.
Жалиме за навредите кон новинарската екипа на ТВ 24 Вести и го осудуваме однесувањето на поединецот којшто упатил навреди. Истовремено, укажуваме и на атмосферата во која власта, СДС и Ковачевски започнаа хајка против медиуми, и оттука и на можноста за уфрлени провокатори за предизвикување на инцидент на првиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ со импозантна посетеност.
ВМРО-ДПМНЕ останува на линија на одбрана на професионалните медиумски стандарди и во заштита на медиумските работници во интерес на вистината, на јавноста и во интерес на напредувањето на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.