Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Како компанијата на Дестани која нема искуство во копањето на злато ќе гарантира дека нема да се контаминира почвата од Иловица?
Владата тврдеше дека нема да има рудник во Иловица, а потоа сама дозволи компанија на семејството Дестани блиско до ДУИ да влезе во Еуромакс Ресурсис. Ако СДС и ДУИ не дозволеле, компaнијата на Дестани не можела да се стекне со удел во фирмата концесионер. Дестани платил за да влезе во фирма која немала концесија над Иловица во тој момент, зошто била одземена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија веллат дека откако Дестани влегува во Еуромакс Ресурсис, истата го добива спорот пред Управен суд, и се враќа концесијата.
-Дали власта однапред е договорена со Дестани? И дали е вистина дека компанијата на Дестани воопшто не доставила студија за влијание врз животната средина работата на рудникот? Како компанија како таа на Дестани без никакво искуство во копањето на злато, може да гарантира дека нема да се контаминира почвата? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека граѓаните со право се загрижени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

