Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е заложник на Ахмети
Ковачевски е заложник на Ахмети, една година владее како до сега – со криминал и корупција. Со Ковачевски ништо не се смени, напротив, уште повеќе се зацврсти криминалот. Тој е заложник на Ахмети зашто само тој го држи на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Ковачевски го гледа само личниот интерес. Уште со доаѓањето на СДС на власт тој со неговиот кум ја основал „Пиксел груп“, која заедно со „КМГ ЕОЛ квазар“ на неговиот кум, зеде грантови од државата, тендери и склучува договор со ЕВН додека тој е функционер.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека покрај криминална, Владата е и неспособна. Македонија има инфлација од 20 % на врвот во Европа. Се увезува струја и над 20 милиони евра месечно затоа што власта е неспособна да произведе.
Во поглед на безбедноста, Владата е неспособна да ги заштити граѓаните. Со месеци не може да пронајде кој е дојавувачот на лажните бомби и внесува несигурност кај граѓаните. Ковачевски ги остави и учениците без книги, а болните без лекови. И образованието и здравството се во хаос.
Земјоделците се незадоволни и не може да си го продадат произведеното. Ковачевски и Ахмети не може да ја водат Македонија. Потребни се промени и нова влада за подобра иднина, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

