Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС да ги платат грешките во здравството, а не граѓаните!
Владата предводена од дезертерот Димитар Ковачевски тоне во скандали во сите области, меѓу кои и здравството. Само за неколку дена се случија низа скандали во овој ресор, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, наместо да се потрудат да направат нешто за граѓаните, екипата на Ковачевски продуцира само долгови. Или министерството за здравство треба да плати сума од 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот за градба на нов клинички центар.
„Значи, ем граѓаните не добиваат здравствени услуги во соодветни услови, ем треба да платат што поради криминални интереси на власта нема да се гради нов клинички центар на местото на кампусот клиники Мајка Тереза. Наместо да мислат за граѓаните, тие ги товарат само со дополнителни трошоци во ова време на криза кога едвај се преживува. Второ, граѓаните видоа како директорка на болница земала енормни парични средства под ставката дежурства. Сето ова кога докторите од јавното здравство се излажани! Токму СДС им ветуваше основна плата од 100 илјади денари, а некои од нив можат да ја видат само доколку имаат додатоци на истата и тоа додатоци како стаж, дежурства и слично.
Вакви сомнителни исплати пак се невозможни без организациски директор на клиника кој е кадар од ДУИ“, велат од опозициската партија.
Додаваат дека едно е сигурно со оваа власт предводена од Ковачевски и СДС, граѓаните се заборавени, а се штитат само поединци.
„Значи министрите за здравство треба да се грижат за здравјето на граѓаните и да мислат за инвестиција во човечки ресурси, но и објекти. Или требаше да се изгради нов клинички или да е во завршна фаза, а не државата да плаќа пенали во висина од 8,5 милиони евра затоа што се раскинал договор за нов клинички. Потребна е грижа за сите доктори бидејќи сите се грижат за здравјето на граѓаните, а не само поединци.
Власта на СДС за едни е мајка, за други маќеа, затоа одговорност мора да има. Не може туѓите грешки да ги плаќаат граѓаните“, се наведува во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба, најави Мицкоски
Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави:
„Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не навлегуваме во детали. Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада.“
Македонија
(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини
Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“.
„Струмица денес“ во текот на вчерашниот ден објави дека земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да спасат она што може да се спаси. На терен се повеќе багери кои помагаат.
Поради обилните врнежи од дожд, на подрачјето на Општина Струмица беа регистрирани нагли зголемувања на водостоите и излевања од коритата, што предизвика поплави на повеќе локации.
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, информира дека ги посетил најкритичните точки на терен, меѓу кои и селото Муртино, како и други локации каде состојбата била најизразена.
Според неговите информации, уште од утринските часови механизацијата на ЈП Комуналец била ангажирана на терен, а во интервенциите била вклучена и дополнителна механизација од приватниот сектор.
Од општината додаваат дека се одржува постојан контакт со жителите на погодените подрачја и дека состојбата ќе продолжи будно да се следи, имајќи предвид дека, според најавите, дожд се очекува и во наредните часови и денови.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма
Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините под контрола на ВМРО. Дури 51 тендер во вредност од 16 милиони евра добила оваа фирма од општините на ВМРО, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.
Тој додаде дека преку дигиталната платформа МИЦКО.мк откриле и дека нејзиниот сопственик бил член на Избирачки одбор токму од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми, кои добиваат милионски договори од институции под контрола на власта. АКТ откри и дека сопругата на газдата на Пирамид билдинг солушнс, Оливера Доновска, има фирма со Филип Гулевски, кој пак со друга фирма добива тендер за проектирање и изведба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром. Вредност од 1,1 милион евра од министерството за спорт“, рече Димитријевиќ.
Тој кажа дека денеска откриваат нова бомба односно дека оваа пирамидална мрежа на тендери и фирми води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Владимир Нелоски.
„Оливера Доновска, сопругата на газдата на Пирамид билдинг солушнс, Петар Доновски, е сопственичка и управителка и на трговската фирма со облека ТРГО СТРОЈ ДОО Скопје, основана 2019 година. По доаѓањето на власт на ВМРО, или точно на 11.04.2025 година, како содружник во фирмата ѝ се приклучува Јовица Нелоски. Кој е Јовица Нелоски? Татко на Владимир Нелоски, шеф на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Дали сега е јасно? Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма. А како што покажавме имаат и тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општини, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.“, рече тој.

