Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Колку е голема лагата на Заев се гледа од фактот што 300 пилоти немало од осамостојувањето
На површина излегуваат сите лаги на Зоран Заев од предизборието во 2016 година. Зоран Заев го ветувал и невозможното само за да дојде до глас повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Ветувањето за вработување на 300 пилоти од Арачиново е жално и срамно. Да лажете луѓе од едно населено место дека само од нивното место ќе вработите 300 пилоти е врв на безобразие и поигрување со состојбата во која се наоѓаат луѓето притиснати од материјално-егзистенцијални проблеми.
Колку е голема лагата на Заев гледаме и од фактот што 300 пилоти во Македонија немало од осамостојувањето па до денес. За да бидат примени 300 пилоти тие треба да поминат обука и никој не може да гарантира дека сите 300 кои ја почнеле и ќе ја завршат обуката.
Срамни се лагите на Заев. Имајќи во предвид како лаже, можеме само да претпоставиме колку нови лаги кои ги кажувал ќе излегуваат во иднина. Зоран Заев нема повеќе кредибилитет пред никого во Македонија. Зоран Заев мора да си замине, порача опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

