Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски излажа за бројот на вработени во јавната администрација

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски сам се фати во лага дека бројот на вработени е далеку поразличен од претпоставките на СДСМ кога беа во опозиција. СДСМ тогаш тврдеа дека бројот на вработени во администрацијата е 180.000, за сега кога се на власт да тврдат дека се 128.722 вработени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Манчевски сам се фати во лага дека бројот на вработени е далеку поразличен од претпоставките на СДСМ кога беа во опозиција. СДСМ тогаш тврдеа дека бројот на вработени во администрацијата е 180.000, за сега кога се на власт да тврдат дека се 128.722 вработени. Дамјан Манчевски треба да сноси одговорност за оваа груба лага. Манипулирањето на граѓаните со наштимани бројки мора да биде предмет на одговорност од страна на министерот. СДСМ со автодемант на сопствените проекции за вработените во јавната администрација откри дека нивната политика не била градена врз реални факти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во извештајот презентиран од Манчевски, велат од таму, не е вклучена годишната флуктуација на кадри во јавниот сектор.
„Годишната флуктоација на кадри претставува број на нови вработување прилив и престанок на работен однос одлив на вработени. Без овој сегмент извештајот е нецелосен. Свесно е испуштена годишната флуктуација за да не се види колкав е бројот на вработени за овие 6 месеци колку што е СДСМ на власт. Со едноставни пресметки може да се утврди дека СДСМ има вработено 13.000 лица. Додека 10.000 лица го напуштиле јавниот сектор поради мобинг и притисоците од страна на новата власт, дел од истите беа објавени во медиумите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).