Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, по долго време – намалени трошоците за живот
„Синдикалната кошничка намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година.
Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.
Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.
Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина, вели Илиевски
„Денеска, објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости во Јавното претпријатие ‘Државни патишта’. На 29 септември 2024 година на патарините на наплатните рампи во Петровец, Сопот, Отовица и Градско се пропуштени 40 возила без да платат патарина“, рече Менде Илиевски од СДСМ.
„Околу 240 ненаплатени пропуштања низ патарините само во еден ден на 40 возила кои биле пропуштени на широкопојасната лента со црвен семафор.
Еве ги снимките од панорамските камери доставени од свиркачи до СДСМ. Јасно се гледаат сите поминувања.
Ова е целосно спротивно на Законот и претставува самоволие на кадрите на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во Јавното претпроијатие.
Согласно член 66 од Законот за јавни патишта од патарина се ослободени само: возила со полициска придружба, возила означени на Армијата, полицијата, Царината, брзата помош, протипожарните служби, возила на заболени од законски дефинирани болести и лица со телесни оштетувања од 80% со соодветни книшки.
Никој друг не е ослободен од патарина.
Што значи има јасни законски ограничувања и никој надвор од овие законски прописи не може да ослободува возила да не платат патарина.
Наредбата за овие 40 возила да бидат 240 пати пропуштени низ патарините без да платат ја издал раководителот на наплатна служба, Ванчо Милевски, инаку кадар на ДПМНЕ.
Врв на ова самоволие е пораката, испратена по Вибер апликација, до сите Одговорни на гореспоменатите наплатни станици, во која децидно е Наредено замислата на Раководителот да се спроведе.
Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.
Прашањето сега е дали раководителот Ванчо Милевски ќе сноси одговорност? Дали Коце Трајановски ќе го разреши и дали МВР ќе му поднесе кривична пријава? Или за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите и можат да прават што сакаат?
СДСМ бара одговорност од Ванчо Милевски за прекршувањето на законите и негова одговорност.
Многу скандали му се собраа на Коце Трајановски, дали истрошениот Коце Трајановски воопшто е свесен какви кадри назначи од неговото доаѓање, дали е сигурен дека сите назначени кадри да ја контролираат работата немаат некоја тешка дициплинска постапка? Или само ги исполнува желбите на партиските војници, размислува ли тој за одговорност“, прашува Менде Илиевски од СДСМ.
Скопје
За една недела санкционирани 147 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 21.10. до 27.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, соопшти ПОЦ.
Скопје
Во текот на викендот отстранети диви депонии во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Активностите се одвиваа на улицата Перо Наков во општината Гази Баба, каде што се отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците Никола Парапунов во општината Карпош и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.
Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.