Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски нека ги замоли во партијата на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот
„Каква какофонија се случува во СДС, утрово градоначалникот од Центар, Горан Герасимовски, од редовите на СДС, согласен со другите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, кои констатираа и беа едногласни дека во Скопје едвај ќе се справат со натрупаното ѓубре поради неработата на градската власт и ЈП ‘Комунална хигиена’, за сега Каевски да ги напаѓа општинските градоначалници, де факто вклучувајќи го во тоа и Герасимовски“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.
„Милионерот Каевски, наместо да држи прес-конференции на кои никој не му верува, нека ги замоли во партијата на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот. Време за политика има, но нема време за главниот град да се дави во ѓубре и да биде потенцијален извор на зараза за граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.
Македонија
„10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност.
Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9.
Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.

