Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Министрите на Заев се неодговорни и несериозни кон институциите на државата
Министрите на Владата предводена од СДСМ продолжуваат со своето непочитување кон Собранието на Република Македонија и непочитување на пратениците како претставници на граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не присуствуваше на јавната расправа на Комисијата за труд и социјална политика на која се дискутира за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица. Крајно несериозно и неодговорно е што министерката Царовска не присуствува на јавна расправа за вака важен закон за граѓаните на Република Македонија. Очигледно министерката не ја интересираат забелешките на пратениците, инвалидските организации, невладините организации и останатите стручни лица во однос на овој закон.
Со ваквиот однос министерката Царовска уште еднаш покажа и докажа дека Владата на Зоран Заев спроведува самоволие и нема слух за забелешките на граѓаните и опозицијата.
Од друга страна, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, доцнеше повеќе од еден час на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која на дневен ред е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и други важни точки од делокругот на оваа комисија.
Ова не е првпат министрите на Зоран Заев да се однесуваат со непочитување кон највисоката институција во Република Македонија и кон пратениците. Несериозноста на министрите се покажа и на последната седницата за пратенички прашања којашто се одржа на 26.4.208 година. Министрите на Владата наместо да седат во пленарната сала и да одговараат на пратенички прашања, тие не беа присутни во салата и имаа поважни работи отколку да одговараат на прашањата на опозициските пратеници, а со тоа и на прашањата на граѓаните на Република Македонија.
Скандалозно и лицемерно е ваквото однесување од страна на луѓе кои кога беа во опозиција ветуваа дека Владата ќе го почитува Собранието на Република Македонија и пратениците како претставници на граѓаните.
Остро реaгираме и се спротивставуваме на ваквото однесување на министрите на Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев ветуваа демократија, транспарентност, инклузивност и соработка, а единствено што спроведуваат е самоволие, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

