Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 500.000 граѓани се на раб на егзистенција

„Заев без срам и перде говори за сиромаштија, а тој ја осиромаши Република Македонија.
Зоран Заев граѓаните ги доведе до питачки стап. Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија, соопшти ВМРО-ДПНЕ.
Според партијата, над 500.000 граѓани се на раб на егзистенција, живеат со 50-тина денари на ден.
„Во ек на пандемија кога државите ги намалуваат даноците, Зоран Заев се дрзна и преку Бислимоски ја покачи цената на струјата за 7.4%. Поради Зоран Заев и неговата неспособна влада Македонија официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави.
Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се крати од капитални инвестиции и проекти, и не се вложува во здравство и образование во ек на пандемијата.Македонските граѓани од СДСМ единствено добија сиромаштија“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Објавени списоци на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката во Кочани во скопските болници.
Список од „8 Септеври“:
Список од Клинички центар:
Македонија
Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани.
„Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е ненадоместлива загуба, болка што ја чувствува цела Македонија. На повредените лица, кои се под медицинска нега, им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во моменти на ваква тага, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да си помагаме. Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани на кои е потребно. Солидарноста е неопходна во овие тешки моменти. Нашите срца и мисли се со вас“, вели Герасимовски.
Македонија
Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош.
„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христијан Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес,“ напиша Агелер.