Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа масовно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест пред Влада
Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија“, се посочува во соопштението.
Со Протоколот, како што додаваат од партијата на Мицкоски, се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани.
„Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето.Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации. Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат“, е истакнато во напишаното од опозициската партија.
Денес, како што велат, повторно во 19 часот ги повикуваме граѓаните на мирен и достоинствен протест пред Владата против понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

