Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот треба да знае дали дезертерот Ковачевски е неспособен за војска, а способен за богатење во време на криза
Народот вели – кој лаже тој и краде. Дезертерот Ковачевски треба да ѝ објасни на јавноста кога ја лажеше – дали кога велеше дека не го отслужил воениот рок поради школувањето или кога велеше дека имал хируршки интервенции. Единствено што може со сигурност да се потврди е дека Ковачевски има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, со која одбегнал да ѝ служи на Македонија. Токму затоа треба надлежниот суд да ја провери и утврди неговата деловна способност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека можеби деловната неспособност е причина за тоталната неспособност на власта. Една лоша одлука или еден погрешен потпис на документ, еден тендер, може да е причина за економска и енергетска катастрофа.
Дезертерот Ковачевски не треба да бега од одговори како за овој скандал така и за аферата „Броило“. Народот треба да знае дали има премиер кој е неспособен за служење војска, ама способен за тендери и креирање картели за богатење во време на криза, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

