Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На итна седница да се изгласаат нашите предлози за намалување на цените на горивата и храната

За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар, посочи на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Како што рече тој, од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, масло, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5 отсто.
„Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами што ни се случува?!“, праша Сојаноски.
Тој посочи и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изработиле два закона со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5 отсто, наместо тековните 18 отсто, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.
„Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог-законите за акцизите и данокот на додадена вредност.
Цената за литар еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар.
Цената за литар еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари.
Цената за литар еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.