Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави дека Владата е одговорна за загадениот воздух во Скопје
Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и со Левицата, Владата е одговорна за загадениот воздух, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека проблемот со приватните превозници во Скопје е резултат на криминогеноста на Ковачевски и Арсовска.
„Доколку директорот на ЈСП, кадар на СДС, и Арсовска, наместо договор за купување гориво по цени како од бензинска, обезбедеа рабат на тие цени како што е пракса, ќе се заштедеа 1,5 милион евра, пари сосема доволни да се исплатат приватните превозници.
Доколку Арсовска и ЈСП ги исплатеа превозниците, немаше да има проблем со превозот. Во поглед на инвестициите за намалување на загадувањето, Арсовска и Ковачевски се во тесна трка кој помалку може да направи, а на крајот и двајцата не прават ништо“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ нема ниту еден значаен проект за намалување на загадувањето на воздухот изминатите седум години, колку што ја има централната власт.
„20 милијарди евра потрошија од буџетите изминативе години и ниту еден проект за намалување на загадувањето на воздухот не реализираа. Скопје се задушува поради неодговорноста и криминогеноста на СДС и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска, наместо да договараат тендери и профити, нека договорат мерки за почист воздух“, додаваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

