Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: „Не“ за едно евро за Вицето
Граѓаните на Република Македонија се охрабрија, излегоа и се спротивставија на криминалите на Зоран Заев и неговиот картел на власт. Граѓаните кажаа „не“ за криминалните политики на Заев и картелот. „Не“ за едно евро за Вицето. „Не“ за сомнителни зделки, како купувањето на гигантот „Герас Цунев“ колку што чини една гарсониера. „Не“ на доделувањето тендери во РЕК „Битола“ или концесии за бизниси со марихуана или ископ на глина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, граѓаните му порачаа на Заев – доста е со политичкиот терор и тортурата врз невини граѓани. Граѓаните порачаа – доста е од уривање на достоинството и продажбата на државните и националните интереси. „Додека Заев и неговиот картел на власт стануваат сè побогати, граѓаните се сè посиромашни. Македонските граѓани со секој изминат ден живеат сè полошо. Ништо од тоа што им беше ветувано пред изборите не е исполнето. Сè што добија оваа година се лажни ветувања и лажни надежи, прокоцкани шанси, нула економија и ниту една реализирана капитална инвестиција.
Нема 500 евра минимална плата, земјоделците немаат повисоки субвенции, пензионерите немаат повисоки пензии, нема поврат на 15 отсто ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, а нема ниту 600 километри нов автопат. Здравството е руинирано, болниците пропаѓаат, образованието е во слободен пад, универзитетите на дното на листите за квалитет, а младите се излажани и разочарани. Не само што никој не се враќа во Македонија туку сè повеќе заминуваат“, се додава во соопштението.
Според опозициската партија, државата мора да се врати на вистинскиот пат. Мора да им се стави крај на криминалот, неработењето, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите. Република Македонија и граѓаните заслужуваат промени, подобар и поквалитетен живот, заслужуваат сигурна и безбедна иднина за себе и идните генерации.
ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. „Само така ќе се создадат еднакви услови за фер избори.
Државата не смее повеќе да биде во заложништво на Заев и неговиот картел. Република Македонија мора да оди напред. Граѓаните ќе стават крај на ова криминално и неспособно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

