Македонија
Хуманитарна кампања за подобри услови за лекување на децата од најтешки болести
Генералното собрание на Обединетите нации уште во далечната 1954 година, први јуни го прогласи за меѓународен ден на детето со цел да се мобилизира јавноста на обврските кои општеството ги има до децата, како и на актуелните проблеми со кои децата се соочуваат. Во 1989 година Обединетите нации носат посебно Конвенција за правата на детето. Нејзини основни принципи се: право на живот, опстанок и развој, право на партиципација, работење и делување во интерес на детето и недискриминација. За жал сведоци сме дека и денеска на глобално ниво има многу деца кои страдаат и се жртви како на најразлични воени конфликти, потоа се злоупотребуваат на најразлични начини во некои држави умираат од глад или од недостаток на медицинска помош и така натаму, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери на Хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“.
Тој додаде дека треба да дадеме скромен придонес за децата од нашата држава, но и за децата од регионот. „Затоа сакам да изразам, како татко, како политичар, а пред сѐ како човек, голема благодарност до фондацијата You are Sunflower, која навистина своето делување го започнува во Тирана, а потоа се шири и на Косово и ете сега доаѓа и кај на во Македонија. Нејзината основна цел е пред сѐ здравството, односно како да се подобрат условите за лекување на децата и тоа од најтешките болести, како што е канцерот леукемијата и други“, додаде тој.
Со купување на маица со симболот You are Sunflower, секој од нас дава придонес во лекувањето на нашите деца, а во исто време како луѓе покажуваме дека не сме ја заборавиле, односно изгубиле хуманата димензија, која би требало да ја носи секој човек. Исто така, покажуваме и дека како граѓани имаме и ја исполнуваме нашата општествена одговорност до најмладите членови на општеството кои утре ќе треба да го водат општеството и државата, но и да водат грижа за нас кои ќе бидеме веќе во есента на нашиот живот.
„Сите ние знаеме да речеме дека децата се нашето богатство, ајде сите заедно да направиме нешто повеќе за сите деца, како кај нас, така и во регионот и пошироко“, рече Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари
„330% повисока социјална помош, 53% повисоки пензии, 180% повисока минимална плата, 40 000 просечна плата се нашите резултати и знам дека тоа можеби не е доволно. Затоа вечерва стојам пред вас не како жена, туку како ваша пријателка и комшивка, како жена која работеше со интегритет и бара поддршка за број 1 на 8 мај“ порача Тренчевска од говорницата на митингот во Радовиш.
Ко-носителката на изборна единица 4 од СДСМ, Јованка Тренчевска вечерва на радовишани им порача дека вистинскиот избор е јасен и дека само СДСМ е опција која ќе го води напредокот на општеството.
„Вие највозрасните кои гледам ве има тука во голем број, а со кои деновиве често се среќавав и често ме прашувавте зошто не може покачување од 5000 денари за секој од вас, Ве потсетувам дека од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари, и овој месец најниската исплатена пензија изнесува 13 880 денари. Стабилната исплата на вашите пензии ќе биде доведена во прашање со лажните ветувања на ВМРО, кои слушам деновиве дека започнаа да го раситнуваат лажното покачување на пензиите на месеци, на години и на нови методологии. Знаат и тие дека на лагата и се кратки нозете! Знаат дека 5000 линеарно е невозможно. Но дека е добро за да манипулираат со највозрасните“ рече Тренчевска.
Таа истакна дека во новиот мандат СДСМ се обврзува минималната пензија да ја покачи на 20.000 денари додека просечната пензија ќе ја покачи на 30.000 денари.
„Да продолжиме да градиме мостови посилни од ѕидовите и омразата кои ни ги наметнува ДПМНЕ“ истакна Тренчевска во нејзината покана за граѓаните за да излезат на гласање на 8ми мај.
Македонија
Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините, дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија
„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.
Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.
„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.
„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на народот му е доста од удирање во гради, зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.
„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.
Македонија
Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра
„На 8-ми мај излезете на гласачките места и со заокружување на бројот еден да ги сочуваме темелите на државата, на демократските вредности, на внатрешната кохезија на етникумите и верските заедници. Бидете патриоти и изберете безбедна и европска иднина, каде ќе бидеме сплотени и ќе имаме просечна плато до 1.300 евра“, порача на денешните средби со жителите на Бутел и Чучер Сандево, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Битиќи истакна дека длабоко верува дека мнозинството од граѓаните не сакаат враќање 20 години назад во минатото, во заробена држава и поделено општество, во држава во која минималната плата изнесуваше под 10.000 денари.
„Гледате политичари кои дефилираат по митинзите со националистички пароли и пораки за изолација на државата. Но, уверен сум дека со вашиот глас за бројот 1 ќе ги замолчите, ќе им покажете дека вашата одлука е да имаме нова влада која ќе продолжи државата да ја води кон Европската унија, кон нејзините вредности, “ рече Битиќи и посочи дека СДСМ и коалицијата имаат програма која ќе ја исполни оваа мнозинска желба на граѓаните на Македонија.
Нагласи дека агендата на националистите е празна, а програмите им се полни со празни зборови, затоа нудат само несигурност и страв меѓу граѓаните.
„Знаеме дека патот до ЕУ е тежок, со многу пречки пред нас, но ЕУ е единствениот начин да ги смениме работите на подобро, во економијата, во образованието, во здравството.
Не смееме да се откажеме од европското семејство и да ги замолчиме националистите“, порача Битиќи.
Зборувајќи за мерките од предизборната програма на СДСМ, Битиќи посочи дека членството во ЕУ не само што ќе однесе посилна кохезија помеѓу различните етнички и верски заедници во Македонија, туку тоа ќе значи и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани
„Пред вас излегуваме со конкретни верувања, за кои во минатото покажавме дека ги исполнуваме, а ќе ги исполниме и сега. Гарантирам е просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, кои со влезот во ЕУ проектираме да достигнат до 1.300 евра односно 800 евра“, им порача Битиќи на жителите на Бутел и Чучер Сандево.