Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот
Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДСМ и ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дек социјалдемократите се на страната на корумпирано судство и обвинителство.
„СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење.
Заменик претседателката на СДС, Фани даде јасна поддршка на судиите и обвинителите поради кои довербата во правосудството е 2 проценти.
Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.
Функционирањето на судиите и обвинителите кои се избрани во Зајас и Струмица, а кои се во сојузништво и се партиски послушници на СДС и ДУИ е поразително за Македонија.
СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи истите му овозможија на Венко Филипче да не одговара за модуларната болница, за скандалот на Онкологија за скандалите со набавката на вакцини итн.
Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, „заборавените“ предмети, и непостапување по наводите за криминал се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем.
Потребни се реални реформи во судството и обвинителството.
Неопходно е независно судство и неопходно е судството во Македонија да е растоварено од политички влијанија“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

