Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека незаконски и со списоци се унапредуваат вработени во Министерството за одбрана
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерката Радмила Шекеринска и СДСМ спроведуваат партизација на администрацијата во одбраната, преку брутално кршење на законите при процесот на унапредување на административните слубеници.
Според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ, комисиите добиле списоци на луѓе кои треба да бидат унапредени.
„Интервјуата кои се дел од процесот на селекција се закажуваат за половина час од кога кандидатот ќе биде известен дека му е закажано интервју, а на многу од нив немало елементарни услови за тоа, бидејќи во просторијата имало во исто време присутни повеќе од еден кандидат. На партиски погодните кандидати прашањата им се доставуваат претходно и истите се известени за тоа од страна на високи функционери во Министерството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука истакнуваат дека комисиите прават сè за да не поминат кандидатите кои според партискиот список на СДСМ не се погодни.
„Шекеринска целата одговорност сака да ја фрли на членовите на комисиите за избор затоа што на крај тие ќе треба да го потпишат извештајот од селекцијата“, додава опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите учесници во овој, како што го нарекува, компромитирачки процес да ги почитуваат законите и прописите и во интерес на владеењето на правото да не дозволат нивниот потпис да биде алатка во предизборната кампања на СДСМ.
Ако тоа не биде случај, предупредува ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да се соочат со одговорноста за кршење пропис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

