Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ посакувал смрт за полицајците
СДСМ и Зоран Заев на полицајците гледаа како на убијци, ги навредуваа, омаловажуваа и им посакуваа смрт, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовки.
„Владата на СДСМ, Зоран Заев и Спасовски организираа прослава на полицијата по повод денот на полицијата, 7 Мај, а само пред три години екипата околу нив ликуваше со смртта на 8 припадници на полицијата во судирот со терористите во кумановската населба, Диво Насеље.“, рече Арсовски.
Според нив, медиумите блиски до СДСМ ширеле лаги и кревале тензии за време на акцијата, известувајќи дека полициските сили убивале цивили и деца со што подгревале етничка омраза.
„Со ваков СДСМ и со ваква Влада се девалвира работењето на полицијата, а губат и полициските службеници и граѓаните на Република Македонија. Време е неспособното раководство на СДСМ кое ја предводи владата, да си замине од власт“, рече портпарлолот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

