Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Оваа година функционерите на СДС и ДУИ беа фрлени на лично богатење
Таче и Али имаат година со 365 скандали. Изминатата година беше година на осиромашување на граѓаните, колапс на економијата, енергетиката, образованието, здравството, земјоделството, од една страна, и богатење на функционерската елита на власт, од друга. Еден од поголемите скандали во оваа година е аферата „Тајни имоти“, која обелодени дека 123 државни функционери, директори и раководители на институции и комисии не пријавиле имот вреден 30 милиони евра, иако тоа им е законска обврска. Тие поседуваат куќи, станови, викендички, автомобили и деловни простории, кои ги криеле од јавноста и не ги пријавиле во антикорупциската комисија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека како еден од најеклатантните примери за ваков случај на непријавен имот е хациендата со базен, кој патем е и дивоградба, на министерката за одбрана, Славјанка Петровска. За овој случај покажавме и евидентен лист од Агенцијата за катастар и сметка за вода на нејзино име и ја повикавме Петровска да демантира со прикажување евентуален купопродажен договор ако го отуѓила имотот.
Ни Славјанка стана да одговори ни Таче ѝ побара одговорност. Сите капацитети им беа насочени во личното богатење, матни зделки или удомување свои роднини во државните институции. Ете затоа во здравството нема лекови за пациентите, па мора да набавуваат од Косово или Србија. Ете затоа секој втор млад човек сака да замине во странство. Народот не сака веќе ваква криминогена власт да ги понижува. Не сака да слуша примитивци како Талат Џафери како пцујат и навредуваат.
Оваа власт на Ковачевски и Ахмети е антинародна и колку побргу се одржат избори, толку побргу ќе си замине, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

