Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром подига зеленило
Откако од СДСМ повикаа градоначлникот на Општина Аеродром да обезбеди чист воздух за жителите, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Општина Аеродром максимално го штити зеленилото.
„На директно барање на општината дури и се отстранети од ГУП и од ДУП неколку објекти со чија изградба ќе се предизвикаше намалување на зелените површини. Општина Аеродром не само што не дозволува да се гради во зеленилото, туку и самата подига нови зелени површини и со изградбата на 10 нови урбани паркови на површина од околу 200.000 квадратни метри го има заслужено епитетот најзелена општина во Република Македонија во која има 28 м2 зеленило по глава на жител’, велат од партијата.
Појаснија дека со „Денот на дрвото“, акцијата „Македонија земја на розата“ и голем број други еколошки акции во последните четири години се насадени над 50.000 листопадни и зимзелени садници од видот платан, бреза, даб, каталпа, јасен, чемпрес, јавор, туја и други видови и цвеќиња, во соработка со заедниците на сопственици и со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Македонски шуми“.
Единствено каде што се гради во општината, се вели во партиското соопштение, се локации на кои постојат веќе станбени објекти, или пак станува збор за локации во приватна сопственост.
„Тоа се фактите кои манипулантите од СДСМ не сакаат да ги признаат за точни, бидејќи се навикнати да лажат со ноторни измислици и да се надеваат дека граѓаните ќе им поверуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

