Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повторно му ги нуди своите пратеници на Заев
Партијата ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одлучил да става на маса и да продава нешто што не е негово, да ја продава и редефинира Македонија.
„Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Заев го прифаќа се ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот. СДСМ ова го направи и во 2004-та година. За глас повеќе во претседателската трка одлучи да го турка Законот за територијална поделба. СДСМ ги загуби катастрофално изборите во 2006-та и следните 10 циклуси. За жал последиците сеуште ги чувствува и Струга и Кичево и цела Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За нас е поважно тоа што штетни последици од антидржавното однесување на Заев ќе трпи Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ цени дека е помала штетата да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената. ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во собранието“, се вели во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

