Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Поради дезертерот Ковачевски и Владата, полоши во економијата од Македонија се само Украина и Русија
Македонската економија тоне заедно со стандардот на граѓаните, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија, додаваат од таму, има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Според оваа партија, последниот официјален податок за стапката на инфлација говори дека таа достигнала 16,7 %, што е повеќе од просекот во еврозоната, кој е 9,1 %, од Србија со 12,9 %, па дури и од Полска и Унгарија, кои се во непосредното соседство на Украина, кои имаат стапка на инфлација од 16,1 %, односно 15,6 %.
„Дезертерот Ковачевски, бидејќи ја манипулира јавноста дека инфлацијата е секаде иста како во Македонија, па дури и во САД, треба да знае дека во САД инфлацијата е само 8,3 %. Ова покажува дека стандардот на народот вртоглаво паѓа, а речиси двојно повисоката инфлација кај нас во однос на европската и американската економија покажува дека во голема мера тоа што кај нас се случува е предизвикано од домашни извори. Клучниот проблем на македонската економија е неспособната и криминална влада предводена од клептоманскиот СДС“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во исто време, како што наведуваат, излезе уште еден поразителен податок, а тоа е прогнозата на Светската банка за растот на БДП за оваа 2022 година.
„Според оваа реномирана институција, растот на македонската економија ќе биде катастрофално мал, од само 2,1%, а од нас полоши во Европа се само Русија и Украина. Ако на ова се додаде огромното ниво на инфлација, тогаш сме доведени во стагфлација, во која малиот раст нема ниту да се забележи. Ете до кое дереџе нè донесе оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски, Македонија да биде земја со уништен стандард, уништена економија, земја што проси храна и електрична енергија, земја што ја изеде корупцијата на власта“, потенцираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

