Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По новите докази за случајот „Диво месо“, анкетната комисија во Собранието мора да се прошири и за периодот опфатен во извештајот на ФЗО

Со оглед на новите фрапантни докази, во врска со случајот “диво месо”, каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера ги презентираше истите, веднаш мора да се прошири анкетната комисија во Собранието на Република Македонија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО, велат од опозициската партија.
Граѓаните, додаваат од таму, имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.
„СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.
За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наизменично се пропуштаат возила од и кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека почна наизменично пропуштање на возила на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во едниот, па во другиот правец.
Од таму апелираат до граѓаните, доколку тоа не е неопходно, да не тргнуваат кон ГП Блаце, се до целосно нормализирање на сообраќајот, односно целосно гасење на пожарот во близина на патот.
Македонија
Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково.
Освен пожарот кој избувна синоќа над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојаче Ангелов, попладневно од Чучер-Сандево испрати видеопорака во која вели дека нема опасност за куќите.
„Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое што е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент, од она што можам да го видам нема реална опасност по околните куќи иако има неколку куќи кои се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители и благодарение на две екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита и една екипа на Национални шуми, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба за ширење паника. Паниката не ни помага“, рече директорот Англеов.
Тој се заблагодари на локалното население кое активно се вклучило во гасењето на пожарот покрај пожарникарите. Кажа дека манастирот Св. Никита, за кој на социјалните медиуми се ширеа вести дека е загрозен, е далеку од огнот. Ангелов вели дека дури и да почне да се шири огнот натака, ќе му требаат неколку часа за да стигне до манастирот, а на терен има и пожарникари и локално население.
„Пред малку беше ужасно, сега моментално е малку смирено. Моментално нема опасност за селото. Опасно беше над манастирот и во регионот каде што се викендиците“, вели локалецот Љубиша Стојковски кој го гаснел пожарот.
Додека тие зборуваа се слушнаа неколку експлозии за кои Стојковски објасни дека доаѓаат од сртот на планината каде што е забрането да одат луѓе.
Се уште се шири и пожарот кај Блаце кој избувна вчера, а попладнево Министерството за внатрешни работи целосно го сопре сообраќајот во делот Стенковец – граничен премин Блаце и го затвори граничниот премин.
Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со независни советници: реафирмирана потребата од постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик

Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес.
За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата.
Тие очекуваат од пратениците законско решение што ќе води сметка за уставно загарантираната еднаквост на пасивното и активното избирачко право на секој граѓанин, поттикнување на политичкиот плурализам и овозможување фер и демократски избори.
Претседателката ја реафирмираше потребата од инклузивна постапка во функција на постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик, почитување на меѓународните изборни принципи, правила и добри практики, како и водење сметка за одлуките на Уставниот суд.