Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По сериозните укори и реакции кои ги добиле Маричиќ и Османи од страна на Бугарија, Декларацијата за Илинден мистериозно исчезна
Исплашени од реакциите и укорите кои ги добија од Бугарија, СДС остана нема и целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше. Оваа Деклерација веќе 20-тина дека откако ја најавија никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека „иако бараа поддршка од сите политички чинители, Ковачевски и СДС откако добија укор од страна на Бугарија, а тоа најдобро го почувстувале Бојан Маричиќ и Бујар Османи бидејќи жестоки биле реакциите од страна на бугарските власти, декларацијата исчезна“.
За да граѓаните заборават на оваа Деклерација, поврзана со Илинден и Илинденското востание, решија да напишат нов документ, овој пат наречен Манифест, каде што бараат консензус. Иако исто како и за Декларацијата за Илинден, никој го нема видено овој Манифест, ниту пак од ДУИ и СДС се консултирале со некој, туку седнале во штабот на ДУИ во Мала Речица, го напишале и бараат консензус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека наместо да се борат да ги заштитат македонските интереси и индетитетот и историја, СДС се обидува со Манифести и Деклерации да си купи време за одржување на владата со ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.