Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани
ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани.
„Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ предложивме амандмани за ковид-кризата и затоа бараме од нашиот данок, прифатете ги нашите амандмани, затоа што само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата и нашиот фокус е да се спасат што е можно повеќе животи. За доброто на сите тргнете ја суетата, внимателно разгледајте ги и прифатете ги амандманите како што се на пример: амандманот за бесплатни ковид-тестови за сите граѓани и амандманот за 50 нови амбулантни возила“, изјави пратеничката Ели Панова.
Таа додаде дека живееме во држава која е во првите пет земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко.
Според неа, со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени, а тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

