Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага физичка, комбинирана и онлајн настава
ВМРО-ДПМНЕ предлага 3 модули за настава во училиштата – физички, комбиниран и онлајн. Тие велат дека секој модул може да се применува во средина каде што одговара, односно во зависност од ризичноста за зараза од Ковид-19.
„Точно 15 дена до законскиот почеток на учебната година. Министерството за здравство во хаос и со контрадиктори изјави, а Министерството за образование и наука без прецизни одговори на бројните предизвици, со спротивни ставови на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Владата е без одлука за типот и начинот за изведување на наставата. Почетокот на учебната година ја одложува поради тоа што нема законска одредба за учење на далечина, а врз основа на која законска одредба воопшто се одложува почетокот на учебната година?
Дури и да прифатиме дека одложувањето на почетокот сега е оправдано, се прашуваме што мислеше Владата по појавата на пандемијата, пред распуштање на Собранието за образованието во државата. Зошто тогаш не го сменија законот кога според сознанијата од Вухан и Италија беше сосема јасно дека наставата ќе мора да продолжи на далечина. Изборите ли беа поважни од тоа?
Постојано сме обвинувани дека не сме кооперативни. Во повеќе наврати, преку пресови, соопштенија и објави на Фејсбук од јуни до почетокот на август презентиравме цел план за отпочнување на учебната година.
Предложивме 3 модули. Кажавме кој каде треба да се применува и како. Задоволни сме што планот во целост е прифатен и немаме ништо против што е присвоен. За децата станува збор.
Проблемот е што Владата нема смелост да го имплементира и што нема смелост да ја преземе одговорноста. Физичка настава може да има во средини каде што нема Ковид-19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во одделение, со преземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик.
Комбинираната настава треба да се одвива со ротација на учениците на 2 недели, 2 недели физичко присуство, 2 недели онлајн, физичкото присуство во една училница, без кабинетска настава. Доколку часот трае повеќе од 20 минути треба да се предвидат дополнителни средства од буџетот за да се плати прекувремената настава на наставниците. Скратени часови се неопходни за работа на училиштата во повеќе смени.
Материјалите треба да бидат снимени и поставени на унифицирана платформа. За оние што ќе учат само онлајн треба да се обезбеди скратена програма“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

