Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт отпишала 14 милиони евра побарувања на МЕПСО кон неколку фирми трговци со струја
Кој од врвот на СДСМ и ДУИ подели 14 милиони евра со фирмите чии долгови ги отпиша МЕПСО, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од тука велат дека СДСМ и ДУИ го искористиле енергетскиот сектор за лично богатење.
„Од Вице и Зоран Заев, преку Венко Филипче и брат му, до внуците на Ахмети и синот на Муса Џафери во изминативе 7 години сите влегоа во бизнисот со струја. Од нив синот на Муса Џафери доби и отпишување на милионски долг од страна на МЕПСО.
Несфатливо е како власта на СДС и ДУИ собрала храброст да отпише 14 милиони евра побарувања на МЕПСО кон неколку фирми трговци со струја. Кој е тој од врвот на власта кој ја поделил сумата од 14 милиони евра со фирмите должници?
Не е чудо зошто ЈО и судството под контрола на СДС и ДУИ молчат за ова. Овој пример со отписот на 14 милиони евра е една од причините зошто СДС и ДУИ се плашат од реформите во судството.
И СДС и ДУИ знаат дека со реформирано ЈО и судство ќе треба да одговараат за големиот криминал во МЕПСО, затоа со последни сили се борат да задржат свои пулени правосудството.
За делото на СДС и ДУИ ограбена држава, одговорност ќе има. Ништо нема да ги спаси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

