Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Рамо до рамо СДС ќе биде поразена на купче од народот поради криминалот и поразите
Рамо до рамо СДС ќе биде поразена на купче од народот поради криминалот и поразите, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска Ковачевски при промоција на слоганот „Рамо до Рамо до победа“, се осврна на делувањето на опозицијата во државата.
СДС, велат од партијата на Мицкоски, била и ќе остане салонска партија, без разлика колку и да се залажуваат со лажни теренски активности.
„Кога ќе излезат на терен нека отидат и кај фабриката за електрични автомобили која ја нема, затоа што 8 месеци откако фрлаа лопати за камен темелник, нема ниту фабрика, ниту темели. Екипите на СДС може да отидат и пред таблата од Коридор 8, каде ветија почеток на работни активности, а таму нема ниту една машина. Единствено што има се инвестициите на роднините на функционерите. Ковачевски може да ги испрати екипите од СДС на парцелата каде што фирмата на неговата сопруга ќе гради фотоволтаична централа на државно земјиште кое го добила со потпис на Артан Груби.
Од СДС можат да отидат и пред дуќанот на братот на Артан Груби Ветон Груби, на улица „Македонија“, купен за 700 евра за м2. Или пак кај хотелот на Шапка купен за цена на гарсониера.
Со самото тоа што Ковачевски сака да покаже некакво единство во СДС се потврдува дека тоа единство го нема“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, како што додаваат од оваа партија, знае дека нема поддршка кај народот, затоа мора да фингира со квази теренски акции.
Сите економски мерки со кои се фали Ковачевски, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, се анулираат со само 1% инфлација, а која се расте секојдневно, а минатата година беше речиси 20%.
Според нив, народот со Ковачевски и СДС целосно осиромаши. „На народот не му требаат лагите на Ковачевски, туку промени и подобра иднина, која со СДС не е можна“, потенцираат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

